Словенија ја обвини Хрватска поради нехуман однос кон бегалците

Од:

Словенечките власти ја обвинија Хрватска дека нехумано се однесува кон бегалците бидејќи хрватската полиција ги остава на места кои Словенците не ги надгледуваат.

Тврдењата се деокументирани со снимки од термокамера од хеликоптер.

– Ги пуштија неорганизирано да ја преминат реката Сутла. Не ги упатија кон мостот, тоа го направија хеликоптерите на словенечката полиција со светлосни знаци. Ги испраќаат луѓето во несоодветна облека и обувки да ја преминуваат студената Сутла, а нас не обвинуваат дека сме неорганизирани, изјави словенечкиот државен секретар Боштјан Шефиц.

Тој додаде дека Хрватите постојано зборуваат дека се хумани, а децата и старите лица ги фрлаат во замрзната вода.

– Хрватска се обидува да не дискредитира. Досега низ Словенија поминаа 38.000 мигранти, посочи Шефиц.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он