Словенија доби прв омбудсман за храна

Од:

Во Словенија од денеска почнува со работа првиот омбудсман за храна, поточно „заштитник на односите во синџирот за снабдување со храна“ при Министерството за земјоделство, кој ќе се грижи за чесните односи меѓу земјоделците, преработувачката индустрија и трговските синџири.

Словенечките медиуми пренесуваат дека за нов омбудсман е именуван деканот на Високото земјоделско училиште од Ново Место, Јоже Подгоршек, доктор по агрономија, кој и самиот е земјоделски производител.

Станува збор за непрофесионална должност со петгодишен мандат, за која следува месечна плата во износ од една третина од доходот на државниот секретар.

Подгоршек истакна дека негова цел е да воспостави чесни односи и почитување на законите на сите учесници во овој синџир, од производители до потрошувачи, додавајќи дека е потребно да се „освестат“ купувачите дека храната што е произведена во Словенија е подобра и побезбедна од увозната.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он