Словенечките војници засега остануваат во Ирак

Од:

И покрај вчерашните најави за повлекување, сепак словенечките војници сместени во Ербил, Ирак, засега остануваат во воената база која беше цел на иранскиот ракетен напад, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Оваа информација утрово ја објави министерот за одбрана Карл Ерјавец, а причината е тоа што германскиот контингент во истата база, решил поради постепеното намалување на тензиите да остане на своите позиции. Словенија во Ербил има шест војници кои таму се дел од германскиот контингент, па така нивното повлекување е директно поврзано со тоа на Германците.

Сепак, Ерјавец изјави дека Словенија е решена да ги повлече своите војници од Ирак, а начинот на кој тоа ќе се спроведе ќе биде соопштен набрзо. Како и да е редовната ротација на словенечкиот контингент е одамна закажан за први февруари, така што тој датум се споменува како можен за повлекувањето на војниците.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он