Словенечкиот претседател в сабота распишува парламентарни избори

Од:

Словенечкиот претседател Борут Пахор в сабота ќе потпише одлука за распуштање на сегашнито состав на парламентот и распишување нови избори за 90 пратеници. Тогаш ќе биде објавен и датумот за одржување на изборите.

Најверојатни датуми се последната недела во мај или првата недела во јуни.

Според словенечки медиуми, Партијата на премиерот Миро Церар сака изборите да се одржат на 3 јуни за да може парламентот да доврши некои веќе почнати постапки.

Другите поголеми партии сакаат избори на 27 мај.

Кабинетот на Пахор соопшти дека денеска и утре тој ќе изврши завршни консултации со политичките партии, а одлуката ќе ја соопшти в сабота во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он