Словенечкиот претседател потпиша указ за распуштање на Парламентот

Од:

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска потпиша указ за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори на 13 јули.

Според Уставот на државата денеска истекува рокот, во кој пратениците требаше да предложат кандидатура за нов претседател на владата по оставката на премиерот Аленка Братушек. Но бидејќи не е предложен кандидат, претседателот го распушти Парламентоти закажа нови парламентарни избори во најкраток рок.

Братушек поднесе остравка на 5 мај, откако ја загуби лидерската позиција во владејачката партија „Позитивна Словенија“.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он