Словенечкиот премиер Марјан Шарец се „бори“ на три политички фронтови

Од:

Партијата на словенечкиот Премиер, Листа на Марјан Шарец (ЛМШ) моментално е политички субјект кој ужива најголема поддршка кај граѓаните. Но, веднаш зад него, со разлика изразена во децимали е партијата СДС на опозицискиот лидер Јанез Јанша.

Ваквата поставеност на силите во земјата е своевиден притисок врз Шарец, што побрзо и поквалитетно да го остварува тоа што им го вети на гласачите – поквалитетени живот и економски раст.

Политичката борба меѓу Шарец и Јанша е на моменти интензивна, но барем засега се чини коректна.

Словенечката влада е малцинска, составена од повеќе помали партии и ЛМШ која не победи на последните парламентарни избори. Партијата со најголем број пратеници во словенечкиот парламент е онаа на Јанша, но тој по изборите не го прифати предизвикот на ја води државата следните четири години.

Потоа претседатателот Борут Пахор мадатот му го даде на Шарец, а овој успеа да „собере” доволен број пратеници и да ја формира владата. Како и во секоја малцинска влада тешка е улогата на премиерот да направи одржлив баланс меѓу коалициски партии, бидејќи незадоволството само на една, може да биде причина за пад на истата.

На тоа по се изгледа се надева и Јанша кој пред некој ден изјави дека словенечката влада е „клинички мртва” и дека е дојдено времето за ново мнозинство и избори, кој ќе доведат и до промена на владата.

Шарец засега успешно се справува со константниот притисок на СДС кој ја користи секоја прилика да ја нападне владата. Последната во низа критики беше одлуката да се повлечат словенечките војници од Ирак по ракетниот напад од Иран, а Јанша ваквата одлука ја нарече „голем срам” за армијата и државата. Токму начинот на носењето на одлуката за повлекувањето беше причина за дополнителни „главоболки” за Шарец.

Веднаш по иранскиот ракетен напад на базата во Ирак, каде што меѓу останатите се наоѓаат и словенечките војници беше свикан специјален состанок на кој преку сателитска видео врска се разговараше со војниците, а набрзо потоа се донесе и одлука за нивно повлекување од кризното подрачје.

На состанокот беа пристутни претседателот на државата Борут Пахор, Началникот на Генерал штабот на армијата, министерот за одбрана Карл Ерјавец, но не и премиерот Шарец.

Во јавноста веднаш се појави прашање – зошто на ваков важен состанок го нема и премиерот?

Ерјавец изјави дека во 3 часот наутро непосредно по нападот, тој му пратил смс порака на Шарец дека ќе се одржи состанок, но тој не му одговорил, а тоа била причината зошто премиерот не бил таму.

Шарец неколку денови подоцна, овој пат на телевизиско интервју, изрази сомнеж дека некој не сакал тој да присуствува на состанокот. Додаде и дека не е начин министер да го инфомира својот шеф со смс порака дека треба да дојде на важен состанок и дека според познатите правила требал да телефонира или да испрати некој од службите да го разбуди и да му каже дека нешто вонредно се случува.

Шарец не сакаше јавно да коментира дека ова е можеби во договор со претседателот Пахор и дали целта била само да се соберат политички поени искористувајќи ја ситуацијата со војниците. По се изгледа Шарец ова нема толку лесно да му го прости на министерот за одбрана. Демантираше дека ќе го смени, но секако потврди дека ќе го повика на состанок за да му објасни зошто премиерот треба да присуствува на важни состаноци.

За повлекувањето на словенечките војници, веќе се најавува и интерпелација за работата на министерот за одбрана која ќе ја поднесе СДС на Јанша.

На Ерјавец не само што му се „виси” министерското столче, туку има големи шанси веќе оваа сабота на когресот на неговатра партија ДеСус, да биде сменет и од местото претседател на партијата. Како евентуалната промена ќе влијае врз стабилноста на владата засега е тешко точно да се предвиди, но по се изгледа поголеми потреси нема да има.

Сепак, во оваа моментална политичка сага има и трета страна.

Тоа се граѓаните и гласачите кои очекуваат резултати, а не политички пресметки и местенки. И покрај тоа што ЛМШ е најпопулатна партија, тоа може многу лесно да се промени ако „дворските игри” го попречуваат нормалното функционирање на владата.

Токму затоа не е едноставна моменталната позиција на Шарец, кој треба да дествува на три “фронтови”, односно да се справува со нападите на СДС и Јанша, да ги менаџира односите внатре во малцинската влада и конечно да ги исполни очекувањата на словенечките граѓани.

МИА

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он