Словенечкиот премиер ја поддржа приватизацијата на Телекомот

Од:

Новата словенечка Влада во текот на следните денови ќе ја започне постапката за продажба на „Телеком Словенија“, изјави денеска премиерот Миро Церар, отфрлајќи ги стравувањата дека ќе се откаже од приватизација на компанијата.

Церар изјави дека неговиот Кабинет ќе ги продаде 15-те компании, чија приватизација беше најавена од претходната Влада, како дел од антикризните мерки за стабилизирање на државните финансии, воведени минатата година од како Словенија беше на прагот да бара меѓунарoдна помош за спас.

Во минатото Церар не ја поддржуваше продажбата на големите државни компании, но сега тој и министерот за финансии најавија дека ќе ја довршат започнатата приватизација.

Словенечкиот премиер рече и дека за неколку месеци Кабинетот ќе состави список на компании кои ќе бидат понудени за продажба заедно со 15-те препријатија чија приватизација ја одреди претходната Влада.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он