Словенечкиот премиер го соопшти составот на новата влада

Од:

Словенечкиот премиер Миро Церар го соопшти денеска составот на својата влада, која треба да биде потврдена од Парламентот.

Партијата на Церар доби најмногу пратенички места на предвремените избори во јули. Таа се обедини со партијата на пензионерите ДеСУС и со социјалдемократите на претседателот Борут Пахор, за да формираат парламентарно мнозинство од 52 пратеника во 90-члениот Парламент.

Минатата недела трите партии составија програма и го потпишаа коалицискиот договор.

Церар предложи список од 16 министри, тројца повеќе од прерходниот кабинет. Се очекува составот на новата влада да биде гласан од Парламентот на 18 септември.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он