Словенечкиот Парламент расправа за смена на министерот за одбрана заради аферата Телеком

Од:

Словенечкиот Парламент денеска попладне на вонредна седница ја почна расправата по барање на премиерот Миро Церар за смена на министерот за обрана Јанко Вебер, кој одби да даде оставка заради аферата во која се сомничи дека преку воената разузнавачка служба се обидел да ја спречи продажбата на „Телеком Словенија“ и на тој начин ги пречекорил своите овластувања.

Како што пренесува агенцијата Фена, за расправата на пратениците се предвидени седум часа, по што вечерва ќе следи гласање. Министерот Вебер е член на на коалициската партија Социјални демократи (СД).

Церар и Вебер во своите воведни излагања понудија сосема спротивни толкувања за тоа како вооошто се дојде до нивните несогласувања.

Церар во воведниот настап рече дека бара заминување на Вебер, бидејќи постојат силни и основани сомнежи дека тој во изработката на анализата за можните негативни последици од продажбата на националниот телеоператер незаконски ја ангажирал разузнавачката служба на Министерството за обрана, која воопшто не смее да се занимава со разузнавачки задачи на тлото на Словенија, дека за тоа како премиер не го информирал и дека откако аферата стигнала во јавноста, не успеал да даде никакви уверливи топлкувања за тоа дека продажбата значи загрозување на националниот систем за обрана, како што Вебер сега тврди.

Одговарајќи му на премиерот, Вебер во нагласено драматичниот настап кажа дека делувањето е законско и „државотворно“ кога Владата и Церар се обидел да ги предупреди на негативните последици од можната продажба на „Телеком Словенија“, за кој главниот заинтересиран купувач е германскиот „Дојче Телеком“, бидејќи тој претставува инфраструктурен крстопат врз кој во своите комуникации се потпира Министерството за обрана и војската, системот за спасување од природни катастрофи, но е битен и за функционирање на целата држава во воена состојба.

Со позициите на Вебер засега се согласуваат само неговите Социјални демократи (СД), но словенечките аналитичари оценуваат дека има мала можност тие да излезат од Владата при веројатното разрешувањето на Вебер од функцијата.

„Телеком Словенија“, чија вредност на Љубљанската берза во моментов изнесува речиси 700 милиони евра, пред две години, во време на Владата на Аленка Братушек, беше ставен на листата од 15 претпријатија и банки во државна сопственост што треба да се продадат, односно да се приватизираат.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он