Словенечкиот парламент синоќа ја потврди новата коалициска влада на премиерот Миро Церар, чија партија победи на изборите во јули годинава.
За 16-члената влада составена од три партии на левиот центар, гласаа 54 пратеници, наспроти 25 пратеници кои гласа против во 90-члениот словенечки парламент.
На изборите одржани на 13 јули Партијата на Миро Церар освои 36 пратенички места, конзервативната Словенечка демократска партија 21, Демократската партија на пензионерите на Словенија 10, партијата Социјални демократи и коалицијата Здружена левица по 6, Нова Словенија 5 и ЗААБ четири пратенички места.