Словенечкиот Парламент го смени министерот за одбрана

Од:

Словенечкиот Парламент синоќа со мнозинство гласови го смени министерот за одбрана Јанко Вебер бидејќи побарал од тајната служба на војската да ги анализира безбедносните импликации планирани со продажба на државниот телекомуникациски оператор „Телеком Словенија“.

Вебер е заменик претседател на Социјалдемократската партија, но и покрај синоќешниот развој на настаните се очекува оваа партија на левиот центар да остане дел од владејачката коалиција.

Сега веќе поранешниот министер за одбрана, за чија смена гласаа 68 пратеници, а 11 се изјаснија против, тврди дека продажбата на Телекомот би можела негативно да влијае врз националната безбедност. Сепак мнозинството партии во Парламентот сметаат дека Вебер не требало да ја користи тајната слуќба за да анализира можни последици од продажбата.

„Телеком Словенија“, компанија во мнозинска сопственост на државата, има пазарна вредност од 867 милиони евра и е најголемо претпријатие на листата за приватизација. Се очекува оваа недела понуда за преземање на оваа фирма да поднесат неколку инвестициски фондови и „Дојче телеком“.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он