Словенечки лекар осомничен за евтаназија, обвинет за седум убиства

Од:

Словенечкиот лекар, кој на почетокот на годината беше осомничен за евтаназија на пациент пред умирање, по што е отворена полициска истрага, е уапсен и осомничен за повеќе казниви дела, меѓу кои и седум убиства, пишуваат словенечките медиуми.

Полицијата потврди дека е поднесена казнена пријава за повеќе од 20 казниви дела против животот и телото, човечкото здравје и човековите права, како и постапки со кои се прекршува службената должност и јавните овластувања.

Поранешен лекар на невролошката клиника на Клиничкиот центар во Љубљана, Иван Радан, кој од јануари е под истрага дека повеќе години извршувал недозволена евтаназија со давање на тешко болни пациенти инфузија со мешавина на морфиум и калиум, по што е отпуштен, е уапсен во понеделникот, пишува љубљнаскиот весник „Дневник“.

Весникот наведува дека уапсениот лекар на своите пациенти без оправдување им препишувал големи количини психоактивни лекови, од кои наводно и самиот бил зависник, како и дека со истрагата во неговиот компјутер се откриени повеќе фотографии на евтанизирани пациенти, што исто така е противзаконско.

По откривањето на аферата во јануари Радан е отпуштен од работа, а постапка против него е покрената и од лекарската комора, за работење во спротивност на лекарската етика.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он