Словенечката Влада именува француски судија за арбитражата

Од:

Словенечката Влада денеска го именува Французинот Рони Абрам, претседател на Меѓународниот суд за правда, за нов словенечки претставник во арбитражниот трибунал кој одлучува за територијалниот спор меѓу Словенија и Хрватска за Пиранскиот Залив, јави словенечката новинска агенција СТА.

Претставниците на Словенија во Арбитражниот суд, Јернеј Соколец и Симона Дреник, поднесоа оставки откако беа испитани транскриптите и снимките од нивните компромитирачки телефонски разговори.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ вчера изјави дека Хрватска же излезе од постапката „бидејќи е контаминирана“, а Арбитражниот суд побара од Словенија да го објасни однесувањето на своите претставници Соколец и Дреник.

Словенија оценува дека Хрватска нема право еднострано да се повлече од арбитражниот договор.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он