Словенечката премиерка во оставка формира нова левоцентристичка партија

Од:

Словенечката премиерка во оставка Аленка Братушек денеска соопшти дека формира нова левоцентристичка партија, пренесоа британските медиуми.

Партијата „Алијансата на Аленка Братушек“ се надева дека ќе формира неформална коалиција со другите левоцентристички партии пред предвремените парламентарни избори, што се очекува да се оддржат на 13 јули.

Откако претходно овој месец ја загуби лидерската позиција во владеачката партија „Позитивна Словенија“, Братушек ги напушти нејзините редови и поднесе оставка на премиерската функција.

-Се собравме тука за да собереме нова енергија за неопходните промени во земјата, затоа ги повикувам нашите сојузници да ни се приклучат, рече денеска Братушек на основачкиот конгрес на нејзината партија.

Таа посочи дека целта на партијата е да создаде повеќе работни места и да даде поттик на економијата.

Левоцентристичката коалициска Влада на Братушек во декември успеа да ја избегне меѓународната финансиска помош откако во банките, зафатени од сериозната криза, инјектира околу 3,3 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он