Словенечката премиерка најави предвремени парламентарни избори

Од:

Словенечката премиерка Аленка Братушек денеска изјави дека ќе остане на функцијата се до организирањето на предвремени избори.

Таа посочи оти сака предвремените парламентарни избори да се одржат во јули.

Братушек, чија политика и помогна на Словенија да ја избегне меѓународната програма за спас минатата година, во петокот го загуби лидерското место во нејзината партија Позитивна Словенија.

– Ништо не е исто по петокот. Праведно е да им се даде шанса на луѓето кои сакаат да бидат на власт во следните четири години, посочи Братушек.

Околу 2.000 членови на Позитивна Словенија во петокот на партиски конгрес решија градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ да ја смени премиерката Братушек на лидерското место на партијата.

Според словенечките медиуми, со доаѓањето на Јанковиќ на чело на партијата Словенија би можела да влезе во период на политичка нестабилност, пад на Владата и распишување на вонредни парламентарни избори на есен, една година пред нивниот рок, бидејќи против Јанковиќ беа коалициските партнери на Братушек.

Сите три коалициски партнери соопштија дека нема да соработуваат со Позитивна Словенија предводена од Јанковиќ, политичар кој е под истрага за корупција.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он