Словенечката премиерка формира нова партија

Од:

Премиерот на Словенија во оставка Аленка Братушек денеска соопшти дека ќе формира нова партија со социјално-либерална ориентација и дека со неа ќе учествува на претстојните предвремени парламентарни избори во земјата.

– Пред нас е нов чекор. Докажавме дека умееме да ја водиме државата и тоа ни дава кредибилитет повторно да застанемeпред граѓаните и да побараме да ни укажат доверба за политиката со која државата ја извлековме од кризата, најави Братушек.

Таа нагласи дека името на нејзината нова партија се уште не е одредено, но дека таа ќе заговара „разумна политика и европски евредности“.

Кон крајот на минатиот месец Братушек ја напушти владејачката партија Позитивна Словенија (ПС), откако на партискиот конгрес загуби на изборите за нејзин лидер од актуелниот градоначалник на Љубљана и поранешен претседател и основач на партијата Зоран Јанковиќ.

По напуштањето на партијата, Бртушек поднесе оставка и на местото премиер. Партии теод нејзината досегашна владина коалиција одбија да соработуваат со ПС предводена од Јанковиќ, па поради неможноста за формирање ново парламнетрано мнозинство се очекува наскоро да бидат распишани предвремени избори, што ќе се оддржат во текот на летото.

Заедно со Братушек, Позитивна Словенија ја напуштија уште десет пратеници и неколкумина членови на Владата, кои се очекува да го сочинуваат јадрото на нејзината идна партија.

Словенечките медиуми проценуваат дека формирањето на новата партија на Братушек ќе доведе до дополнително расцепкување на гласачкото тело на левиот политички спектар, што ги зголемува шансите за победа на партиите на десницата на новите избори.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он