Словенечката премиерка Братушек официјално поднесе оставка

Од:

Словенечката премиерка Аленка Братушек поднесе денеска официјално оставка пред претседателот на парламентот Јанко Вебер и побара предвремени избори во следниот месец.

Братушек се откажа од премиерската функција откако градоначалникот на Љубљана и поранешен претседател на владејачката Позитивна Словенија Зоран Јанковиќ ја победи на внатрепартиските избори пред десет дена.

На 29 април таа ја напушти партијата, а по неа партијата ја напуштија 12 луѓе – пратеници, двајца министри и тројца државни секретари.

За оставката Парламентот ќе биде известен на посебна седница в среда или четврток.

Оставката треба да биде потврдена од Парламентот по што во рок од 30 дена претседателот, парламентарни групи или најмалку десет членови на парламентот може да предложат нов премиер, но најверојатно тоа нема да се случи туку ќе бидат одржани предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он