Словенечката опозиција бара квоти за работниците од Хрватска

Од:

Опозицијата во словенечкиот парламент е се погласна во повиците за воведување квоти и ограничување за вработувањето работници од Хрватска, како идна членка на ЕУ.

Најголемата словенечка опозициска партија СДС на поранешниот премиер Јанез Јанша е најгласна во овие барања, додека помалата партија Нова Словенија (НСИ) бара воведување привремени квоти.

Познатиот словенечки економист Јоже П. Дамјан и претставникот на синдикатот Андреј Зорко се согласуваат дека ќе биде крајно непримерно доколку Словенија, по влегувањето на Хрватска во ЕУ, се обиде да го огранички протокот на работна сила преку својата јужна граница, пренесе хрватскиот портал Бизнис.хр.

Словенија, инаку, гласно протестираше додека Австрија ја спроведуваше истата стратегија и го ограничуваше пристапот за словенечките работници на својот пазар на работна сила, потсетува порталот.

За многубројните неврабиотени во Хрватска работата во Словенија е привлечна опција. Стапката на невработеност во Хрватска во текот на минатата година се зголеми за два отсто, и според официјалните податоци од февруари, достигна 21,9 отсто од работоспособното население.

Просечната нето плата во Словенија изнесува помалку од 1.000 евра и е за 37 отсто повисока отколку во Хрватска. Меѓутоа, и невработеноста во Словенија е во пораст и во моментов изнесува 13,6 отсто.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он