Словенечката министерка за образование поднесе оставка

Од:

Словенечката министерка за образование Станка Сетникар-Цанкар денеска поднесе оставка на функцијата, откако во медиумите беше објавено дека во последните 11 години на име хонорари заработила 636.000 евра.

Станува збор за хонорари што таа ги добивала паралено со платата од љубљанскиот Факултет за јавна управа, се до изборот за министер минатата година.

– Не се чуствувам виновна, но не сакам неоснованите критики на моја сметка да ја отоваруваат работата на Министерството, изјави Сетникар-Цанкар на прес-конференција во Љубљана на која ја објави својата оставка.

Словенечките медиуми објавија податоци на Комисијата за борба против корупцијата, според кои во последните 11 година на вработени во јавниот сектор, главно на универзитетски професори и на соработници на јавната радиотелевизија за разни консултантски и работни договори им биле исплатени хонорари во висина од речиси една милијарда евра.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он