Штетите од поплавите во Словенија проценети на 13 милиони евра

Од:

Поплавите и невремето, кои кон крајот на минатата и почетокот на оваа недела погодија поголем дел од Словенија, предизвикаа штети кои се проценуваат на повеќе од 13 милиони евра.

Станува збор за збирни податоци, кои ги соопштија општините покрај Драва, Мура и Крка.

Најголеми штети, од 5,2 милиони евра, се проценети во општините Шентјернеј и Костањевица на Крка, кои во голема мера беа поплавени, а најголема штета врз земјоделството е нанесена на подрачјето на реката Мура во североисточниот дел на земјата.

Цивилната заштита соопшти дека во изминатите денови во поплавените подрачја се поделени 75 илјади вреќи за изградба на насипи, повеќе од 160 пумпи и 18 електроагрегати.

Поплавени се повеќе од 200 патишта и 1.026 куќи, 325 земјоделски објекти, шест поголеми станбени згради и шест детски градинки.

Активирани се 822 свлечишта, а поплавите однесоа и два човечки животи.

Новиот словенечки премиер Миро Церар најави денеска во Парламентот дека ќе предложи формирање на посебна единици на војската, која ќе биде обучена за дејствување при природни непогоди.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он