Шефот на британската дипломатија денска во посета на Белград

Од:

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд, ќе биде во официјална посета на Белград при што ќе разговара за унапредување на билатералните односи и други прашања, јави Танјуг.

Пред посетата, шефот на Форин офисот упати порака дека ја поддржува Србија на патот кон Европската унија и посака успех за време на претседавањето со ОБСЕ.

Во минатата година премиерот на Србија, Александар Вучиќ и Хамонд имаа средба во Лондон каде беше нагласено дека флексибилнот пазар на труд е важен за странските инвеститори, дека доаѓањето на странски инвеститори е исклучително важно за економскиот раст и оти Британија е добар пример кога се во прашање странски инвестиции.

Во таа прилика, беше истакнато дека стабилноста на Запден Балкан е приоритет на британската Влада, а Србија треба да има клучна улога во регионот.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија