Сервер: Да се уапсат Албанци кои ги напаѓаат Србите

Од:

Политичкиот аналитичар од Вашингтон Даниел Сервер смета дека косовските Албанци мораат да ги почитуваат српските гробишта и да не ги осквернуваат и ги повика властите во Приштина да ги уапсат лицата кои се одговорни за напади врз Срби на Косово и кои го уништуваат нивниот имот.

Сервер на својата интернет блог peacefare.net во текстот насловен како „Што би сторил еден патриот“ оценува дека оние кои стојат зад нападите на косовски Срби не се патриоти.

– Некој на Косово мисли дека вистинскиот одговор е насилство против Србите и српскиот имот. Тоа не е само глупаво, туку и контрапродуктивно, бидејќи некои тоа може да го протолкуваат како доказ дека Албанците не се цивилизирани и дека не и припаѓаат на Европа, нагласи американскиот аналитичар, кој е познат по својата поддршка на косовската независност и честите остри ставови кон Србија, јави Танјуг.

Тој ги повика косовските Албанци мирно да протестираат, додавајќи дека неказнувањето на нападите врз Србите би го оцрнило Косово како држава.

Сервер нагласи дека сите имаат право на свои херои, но додаде дека косовските Албанци треба да покажат доза на чувствителност за другата страна, по 15 години од војната.

– Каде на Косово можете да најдете споменик посветен на Србите, праша аналитичарот.

Во врска со минатонеделното отстранување на споменикот на ОВПМБ во Прешево, Сервер смета дека тоа е глупав чекор, но наведе дека српската Влада беше доволно паметна да не го уништи, туку го префрлила во Белград, каде, како што рече ќе биде доказ во судски процес.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија