Сенко Пличаниќ: Словенија се уште учи демократија

Од:

Високиот суд ја потврди првостепената пресуда, според која поранешниот премиер на Словенија, Јанез Јанша е осуден на две години затвор, поради корупција, при набавка на транспортери од финскиот произведувач „Патриа“, во периодот кога беше претседател на владата.

Меѓутоа тој изјави дека не е можно да се почитува пресуда, според која се потврдува казната.

На изјавата на Јанша, министерот за правда на Словенија, Сенко Пличаниќ одговори со тврдење дека државата се уште „се учи на демократија“ и дека демократските стандарди се „многу ниски“.

-Тоа е став на едно лице- рече Пличаниќ и додаде дека и во други држави им се суди на политичарите и дека упатување критика до судот не е ништо невообичаено.

Тој смета дека поранешниот премиер ќе ги искористи сите правни средства, кои му се на располагање во Словенија и Европа и дека „тогаш ќе може да зборува за словенечкото правосудство“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он