Семејства на жртви од Сребреница бараат процес против командантите на „Сините шлемови“

Од:

Семејства на три лица убиени во Сребреница во 1995 година, побраа од Европскиот суд за човекови права во Стразбур да започне процес против тројца команданти на мировните сили на ОН, поради тоа што донеле одлука за напуштање на овој босански град во пресрет на масакрот.

Како што јави Фена, ваквата иницијатива следи откако во април Суд во Холандија реши да не поведе постапка против командантот на холандските мировици во Сребреница, Том Камеменс и неговите помошници Роб Франкен и Беренд Остервен, поради одлуката за повлекување на мировните сили од Сребреница во 1995 година, која во тоа време беше прогласена за заштитна зона на ОН.

Холандската адвокатка Лизбет Зегвелд, која ги застапува трите босански семесјтва, изјави дека претходната истрга за овој случај „не била независна“, туку дека работела „под притисок на Министерството за одбрана“ на Холандија.

Тужителите тврдат дека холандските војници со напуштањето на базата во Сребреница, ги оставиле жртвите „во рацете на босанските Срби, каде ги чекала сигурна смрт“.

Во јули 1995 година, силите на босанските Срби под команда на Ратко Младиќ во реонот на Сребренца ликвидираа речиси 8.000 мажи и момчиња Бошњаци, што претставува најголемо масовно злосторство во Европа по Втората светска војна. Младиќ во моментов се наоѓа во затворот на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, кој му суди под обвинение за геноцид и воени злосторства.

Би можело да ве интересира

Кинескиот амбасадор во ОН: Резолуцијата за Сребреница не е во согласност со реториката за мир и стабилност

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Договорен текстот на резолуцијата за Сребреница – ќе се гласа во Обединетите нации

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов