Секс-скандал помеѓу Дачиќ и косовска министерка

Од:

Дали на српскиот премиер Ивица Дачиќ, Приштина му забрани влез на Косово, поради комплимент на нивната министерка Вљори Читаку.

Дека не е се чиста политика, сведочи и епизодата која се одигра во текот на еден од наведените состаноци во Брисел, а која што приштинските власти ја сфатија како навреда.

Како што пишува српскиот „Прес онлајн“ косовската министерка за евроинтеграција Читаку, му замерила на српскиот премиер поради тоа што ја нарекол убавица.

Со цел преговорите помеѓу делегациите на Србија и Косово да поминат што порелаксирано, српскиот премиер се шегувал со членовите на приштинската делгација.

Кога во преговорите се вклучила и министерката Читаку, Дачиќ не одолеал, а да не ја прокоментира нејзината убавина.

-Во прв момент на Читаку не и пречеа коментарите на сроскиот премиер, кои морам да кажам дека беа коректни и на место, наведува соговорникот на екипата на „Глобус“.

Тој вели дека приказната ја „подгреал, Јониз Мусли, кому му засметало што на еден од состаноците Дачиќ, им се обратил со зборовите „А каде е вашата убавица “, мислејќи на косовската министерка.

-Никој од нас не виде ништо лошо во тоа, но Јониз Мусли кој беше на состанокот едноставно се разгневи. Буквално на српскиот премиер му рече: Кој си ти? Што си ти? Министер за внатрешни работи, премиер или донжуан? На Косово има доста такви, не ни требаш ти!.Тоа беше една навистина непријатна ситуација, преку која Дачиќ помина со насмевка. Мислам дури им телефонираше и на Читаку и Тачи. Што точно им рече не знам, но министерката Читаку од тогаш ги избегнува средбите со српскиот премиер. Не ме изненади забраната Дачиќ да го посети Косово, која произлезе од Приштина, а лично знам дека на неа инсистирала токму Вљора Читаку, вели соговорникот за „Глобус“.

Дека косовската министерка имала влијание во забраната за Дачиќ, може да се види и од нејзиниот профил на „Твитер“.

Само неколку часа откако официјално е соопштена забраната таа на својот профил напишала „Дојде до забрана. Нема забрана за влез на српски официјални лица на Косово. Само на Дачиќ му рековме НЕ. Тоа е се “.

Министерката Читаку и е позната на јавноста и по препукувањата со Вук Јеремиќ, кога таа пишуваше на англиски а тој на српски. Искри избија кога Јеремиќ и испратил насмевка, на што таа одговорила: „Па секако типичен балкански мачо, веднаш напаѓа по родова основа“.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on