Се излизгал на мразот и паднал во канал: Несреќа кај Чачак

Од:

Утрово на патот во селото Враничи кај Чачак се случи сообраќајна несреќа кога возач со патнички автомобил излетал од патот и паднал во канал.

„Несреќата се случи кај мостот кај селото. Тука секогаш има голем мраз, а возачот најверојатно тоа не го знаел и се излизгал. Мразот му го занел автомобилот и излета од патот. Некои луѓе се обидоа да му помогнат, но баш падна длабоко“, велат очевидци за српските медиуми.

Во несреќата нема повредени лица, а возачот успеал да излезе од автомобилот со кој излетал од патот. Надлежните во Србија апелираат возачите да бидат дополнително внимателни, затоа што во утринските часови има мраз по улиците.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени двајца пешаци во Скопје – во едниот удрил мотор, во другиот автомобил

Земјотрес кај Чачак

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

(ВИДЕО) Жена од Полска сруши Гинисовиот рекорд: Помина повеќе од три часа „закопана“ во мраз

(ВИДЕО) Полицајци помагаат на старица да помине замрзната улица во Белград

А1он