Се испитува теренот за можно постоење на масовна гробница кај Медвеѓа

Од:

Претставници на комисиите за исчезнати лица на Белград и Приштина денеска започнаа со истражување на теренот во атарот на селото Свирце во близина на Медвеѓа, поради сомнеж дека на тоа подрачје се наоѓа масовна гробница со тела на Албанци од 1999 година, јави Танјуг.

Претседателот на општина Медвеѓа Слободан Драшковиќ соопшти дека засега само се прегледува теренот, при што претставниците на комисиите се обидуваат да ги лоцираат местата на кои евентуално се наоѓа гробницата.

– На терен покрај членовите на комисиите се наоѓаат и претставници на ЕУЛЕКС и на Црвениот крст. Моментално се скенира теренот на местото наречено Капија, меѓу Медвеѓа и Косовска Каменица, истакна Драшковиќ.

Ова е вторпат во последните две години претставници на српската и на косовската комисија за исчезнати лица и на меѓународните организиации да го пребаруваат теренот на подрачјето на Медвеѓа поради сомнеж за постоење масовна гробница.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски