Сасоли: Одам во Албанија за да ја потврдам силната поддршка за започнување разговори за пристап со Албанија и Северна Македонија

Од:

Претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли на 3-ти и 4-ти овој месец ќе престојува во Албанија.

Пред неговата посета, тој изјавил дека доаѓа во Албанија за да даде надеж за иднината по тешките месеци што ги поминала.

Исто така, ја потврдил и силната поддршката на Европскиот парламент за започнување преговори со Албанија и со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Тирана.

Ние, исто така, ќе дадеме се од себе да ги убедиме земјите-членки кои сè уште имаа резерви за тоа на последниот состанок на Советот.

За време на неговата посета планирани се средби со премиерот Еди Рама, претседателот на Парламентот Грамоз Ручи, шефот на државата Илир Мета, градоначалникот на Тирана Ерион Велиај и лидерот на опозициската демократска партија Љуљзим Баша.

Тој ќе има обраќање пред пратениците во албанскиот законодавен дом, како и средба со студенти.

Сасоли посетата на Албанија, која требаше да ја реализира на 2-ри и 3 декември, ја одложи поради катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември, а ја најави на почетокот на ноември кога ја најави и посетата на Северна Македонија, каде престојуваше на 4 ноември.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Европскиот парламент ја одобри новата Европска Комисија на Урсула фон дер Лајен

Каја Калас доби „зелено светло“ во Европскиот парламент за позицијата шеф на европската дипломатија

Горан Наумовски

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски