Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

Од:

Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, изјави дека денес Албанија има реална можност да стане членка на ЕУ.

Обраќајќи се на промоцијата на кандидатите за пратеници во Тирана за парламентарните избори, на 11 мај, Рама рече дека „ова е нешто што го немавме пред извесно време, и покрај фактот што ги завршивме нашите обврски за членство во ЕУ, и покрај фактот што Европската комисија трипати по ред потврди дека Албанија ја заврши својата работа и три пати по ред побара да се отворат преговори со Албанија, но секогаш се наоѓаше некоја земја која велеше не. Ние сакавме, тие не”.

– Но, јас, кој сум сведок на многу нешта во овој процес, како никогаш досега за кој сега зборуваме, не го видов тоа што го гледам денес, а ја гледам нивната желба тоа да се случи, Албанија да биде членка на ЕУ, рече тој.

Но, според него, Европа се шири и поради оваа причина има само две земји кои можат брзо да се приклучат, Албанија и Црна Гора.

– За сите оние кои ги следат вестите, ЕУ ќе се прошири бидејќи светот е во друга ситуација, работите се разнишани и потребно е репозиционирање. Како Албанци, наше е да направиме се за да влеземе на вратата за проширување на ЕУ. За прв пат ѕвездите на нашата судбина и на Европа се заедно. Тие сакаат, сакаме и ние. Албанија да биде во ЕУ. Вратата за проширување е отворена и нема да остане отворена засекогаш. Мораме да му дадеме јасна порака. Дека СП што е денеска во владата не мрда од власта. Не треба да има флуктуации. Тоа е историска грешка ако не се разбере. Може да има големо жалење. На 11 мај поминува возот на историјата, не за СП или 71 мандат, туку за затворање на преговорите и влез на Албанија во ЕУ во оваа деценија, порача Рама.

Би можело да ве интересира

Албанија влегува во ЕУ до 2030 година? Договорот за пристапување би можел да биде потпишан во 2028 година

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сретна со Рама без македонско знаме, а средбата ја премолчи пред јавноста

(ВИДЕО) Рама: Македонија со право се сомнева дека ќе има ново вето и по внесувањето на Бугарите во Уставот, но мора да го исполни условот

(ВИДЕО) Рама: Случајот „Монструм“ треба да го решаваат институциите во Македонија, нема да се мешаме во внатрешните работи

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе ги доближи Македонија и Албанија

Катерина Ѓуровски

Рама повторно ги повика студентите на дијалог, овојпат на камена маса