Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Од:

Претседателот на Советот на амбасадори на Албанија, Генци Муцај е оптимист дека Северна Македонија наскоро ќе и се приклучи на Албанија, која ги започна преговорите со ЕУ со отворање на првиот кластер, и оти ќе се најде решение со бугарската страна за одблокирање на евроинтеграцијата.

-Не сме среќни што сте зад нас, би сакале да бидеме заедно на евроинтегративниот пат. Ние сме Европејци, досега требаше да станеме дел од ЕУ. Не гледам причина зошто вие наскоро не би ни се придружиле, без оглед на оддолжувањето. Сигурен сум дека ќе се најде решение со бугарската страна. Нема причина зошто европската интеграција на земјите од регионов би била блокирана, вели амбасадорот Муцај, од Советот на амбасадори на Албанија кој заедно со Советот на амбасадори на Република Северна Македонија е коорганизатор на регионалната работилница “Дијалог со граѓанското општество за промени во Западен Балкан”.

Тој ги толкува како претпоставка изјавите на еврокомесарката за проширување Марта Кос дека две или три земји би можеле да станат полноправни членки до 2030 година.

-Знам дека постои голема волја кај ЕК за придружување на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ, и нема начин тоа да запре. Само треба да продолжиме и да бидеме трпеливи. Не мислам дека ќе чекаме повеќе од она што веќе минавме во чекање, но сигурно дека сме на тој пат, нема сомнеж во тоа, вели Муцај.

Марта Кос, еврокомесарката за проширување, во дискусијата „Прошири за напредување: Дали Европа ќе расте? на Светскиот економски форум во Давос, нагласи дека проширувањето на Европската унија е процес заснован на заслуги, а не на временска рамка.

-Понекогаш слушам: земјите од Западен Балкан чекаат толку долго. Не се работи за тоа колку долго чекаат. Прашање е на нивната политичка волја и колку се способни да исполнат, посочи Кос.

Според неа, Европската унија внимателно следи што се случува во земјите кандидати за членство и тие се генерално обврзани да исполнат одредени услови по принципот „земи или остави“.

-Жал ми е што го кажувам тоа толку отворено, рече Кос, додавајќи дека сега не постои можност да се преговара за фундаментална вредност што е важна за ЕУ.

За нашата земја таа во неколку наврати го повтори заклучокот на Советот на ЕУ од јули 2022 година, дека за да продолжи на европскиот пат потребно е да ги донесе уставните измени на кои се обврза самата.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ