Бока: Европскиот парламент повторно ја нападнал Унгарија

Од:

Унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока изјави дека Европскиот парламент повторно ја „нападнал Унгарија“.

Бока го кажа ова затоа што темата „законските измени и нивното влијание врз основните права“ во Унгарија утре ќе се најде на дневен ред на ЕП, а никој од унгарската влада не е поканет да присуствува на дебатата, јави МТИ.

Тој исто така изјави дека полското претседателство со ЕУ, кое ја организираше дебатата, претходно не се консултирало со унгарската влада.

Бока изјави дека денеска испратил писмо до својот полски колега во кое бара објаснување зошто Унгарија била „нападната“.

Унгарскиот министер истакна дека владата ги штити основните интереси на децата, го брани националниот суверенитет на земјата од странско мешање и инсистира на транспарентност во финансирањето на невладините организации.

„За ова треба отворено да зборуваме: кој е на страната на децата, националниот суверенитет и транспарентност? Се друго е само политички циркус“, заклучува Бока во својата изјава.

Би можело да ве интересира

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

Унгарија и по Орбан сака да одржува конструктивни односи со Русија

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се потребни силни вооружени сили

Се преврте полски автобус во Унгарија: 12 мртви, возачот е уапсен

Катерина Ѓуровски

Падот на производството во нуклеарната централа Пакш го загрозува форинтот

Бака ја прифати номинацијата за претседател на Унгарија