Орбан предупреди: На Унгарија ѝ се заканува враќање во должничко ропство

Од:

Унгарија ризикува повторно да западне во должничко ропство, предупреди денеска поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан.

Лидерот на Фидес со овие зборови реагираше на растот на цените на горивата и на парламентарната расправа за измените на овогодишниот буџет, пренесе МТИ.

Орбан на Фејсбук напиша дека цените на горивата се „астрономски“, дека буџетскиот дефицит е надвор од контрола и дека се наѕира „должничко ропство“.

„Ова не беше ден на Унгарија“, наведе Орбан.

Со објавата е поставена фотографија од министерот за економија и енергетика Иштван Капитани, министерот за финансии Андраш Карман и премиерот Петер Маѓар, како и пораки: „рекордно високи цени на бензинот“, „рекордно висок буџетски дефицит“ и „рекордно висок јавен долг“.

Орбан го упати предупредувањето во момент кога унгарскиот парламент расправа за измените на овогодишниот буџет, додека растот на цените на горивата дополнително го зголемува притисокот врз владата.

Би можело да ве интересира

Маѓар: Приведен e братот на Виктор Орбан, осомничен е за трговија со луѓе

Горан Наумовски

Туск ја исмеа можноста Орбан да стане генерален секретар на ОН: „Ова е апсурдно“

Маѓар: Унгарија нема да испорачува оружје за Украина

(ВИДЕО) Унгарскиот премиер Петер Маѓар испрскан со вино

А1он

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

Унгарија и по Орбан сака да одржува конструктивни односи со Русија