САНУ: Некој треба да му каже на народот дека Косово веќе не е српско

Од:

Претседателот на Српската академија на науките и уметностите (САНУ), д-р Владимир Костиќ изјави дека „во овој момент единствената политичка мудрост е на кој начин, со достоинство, да го оставиме Косово, бидејќи ниту де факто, ниту де јуре е во рацете на Србија“.

– Некој тоа треба да му го каже на народот, истакна Костиќ.

Тој додаде дека Косово е „основата на нашата историја и на дел од нашата психологија, но штом еден министер, премиер или наш претседател треба да бара дозвола за да влезе на оваа територија, тоа многу јасно покажува дека немаме веќе ниту човечки, ниту економски, ниту какви и да се други капацитети да се спроведе таму сопствената волја“.

– Можеме да се лажеме едно со други, гледајќи се во очи, но алтернативата е многу јасна. Било каков удар да добие, Србија треба да продолжи да ги шири демократските капацитети и слободните пространства, инаку нема да опстои, смета претседателот на САНУ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски