Сакеларопулу: Грција ги презема неопходните мерки за да продолжи да биде безбедна туристичка дестинација

Од:

Грција ги презема неопходните мерки за да продолжи да биде безбедна туристичка дестинација, изјавила грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во телефонскиот разговор со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од кабинетот на Сакеларопулу, Зурабишвили ѝ честитала на Сакеларопулу за преземањето на функцијата, ја поканила да ја посети Грузија, а двете претседателки разговарале за последиците од кризата врз економијата, додека пак акцентот бил ставен на туризмот.

-Госпоѓата Сакеларопулу истакна дека нашата земја се подготвува, претпазливо и внимателно за да прими посетители од странство и ги презема неопходните мерки за да продолжи да биде безбедна туристичка дестинација, соопштуваат од кабинетот на грчката претседателка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски