САД го поздравија постигнувањето договор во Брисел меѓу Србија и Косово

Од:

САД го поздравија денеска постигнувањето на важните договори меѓу Белград и Приштина во Брисел и ја пофалија посветеноста на двете страни во овој процес.

– Постигнувањето договори за формирање Заедница на српски општини, телекомуникациите, мостот на Ибар во Косовска Митровица и енергетиката, ќе го подобрат живот на граѓаните и во Србија и на Косово, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Официјален Вашингтон ги пофали двете влади за постигнатиот напредок во исполнување на обврските од договорот во Брисел, со што се приближуваат кон нормализирање на односите и приклучување кон ЕУ.

Во соопштението се додава дека САД силно го поддржува настојувањето на ЕУ за завршување на дијалогот.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски