Русија ќе инвестира 27 милиони долари во опрема за руско-српскиот хуманитарен центар во Ниш

Од:

Русија годинава ќе обезбеди 27 милиони долари за финансирање на руско-српскиот хуманитарен центар во Ниш, што ќе бидат наменети за набавка на потребната техника и опрема, изјави денеска во Белград рускиот министер за вонредни ситуации Владимир Пучков.

Хуманитарниот центар во Ниш официјално почна со работа минатата година, но се уште има нерешени правни прашања за тој да функционира со полн капацитет.

Руско-српскиот хуманитарен центар во Ниш ќе почне да работи со полн капацитет до крајот на годинава, нагласи денеска рускиот министер за вонредни ситуации Владимир Пучков по средбата со српскиот премиер Ивица Дачиќ, пренесува ИТАР-ТАСС.

Центарот треба да биде опремен со летала за гаснење на пожари, техника за деминирање, опрема за спасувачки операции, хуманитарна помош, лекови, облека и храна. Во центарот ќе работат околу 30 службеници.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on