Рекорден број нови случаи на Ковид-19 во Грција

Од:

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран досега највисок број нови случаи на Ковид-19 за еден ден – вкупно 460 новозаразени лица, од кои 114 се од фабрика за конзервирање во северниот дел од земјата, 26 по направените тестови на влезните точки во земјата, a повторно најголемиот дел од нови случаи, односно 207 се во областа Атика.

Регистрирани се и пет смртни случаи.

Епидемиологот проф. Гикас Мајоркинис на денешната редовна прес-конференција за ситуацијата со коронавирусот во Грција, рече дека е логично да се очекува зголемување на ширењето на вирусот кон крајот на октомври, со оглед на тоа дека луѓето ќе почнат повеќе време да поминуваат во затворени простори.

Заменик- министерот за цивилна заштита на Грција објасни дека според седмичниот извештај за Ковид-19 во периодот од 24 до 30 септември, просечниот број дневни случаи бил 314, новозаразени се на просечна возраст од 39 години, додека пак просечно, дневно биле направени 10.617 тестови, од кои голем дел биле на влезните точки на земјата.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 19.346 случаи на Ковид-19, а починаа 398 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски