Реакција на Партијата на Македонците во Србија по изјавата на Вулин

Од:

Претседателот на Партијата на Македонците во Србија Горан Илијевски ја осуди реториката на српскиот министер за одбрана Александар Вулин, што ја упати во коментар на изјавата на претседателот Стево Пендаровски за корекција на границите меѓу Белград и Приштина.

Вулин рече дека „Пендаровски дека може слободно да молчи на јазикот кој никој освен Србија не го признава, а на други јазици може уште погласно да молчи, затоа што никој не го прашува ниту го прифаќа неговото мислење“, со што според Илијевски, ја навредил македонската национална заедница во Србија, која исто така го зборува македонскиот јазик.

– По изјавата на министерот за одбрана, кого во Србија го нарекуваат „воен дезертер“, бидејќи избегнал воена служба, а потоа станал воен министер: Дали ова е став на српската влада, која би требало да се огради, бидејќи не е првпат да ја напаѓате Севрна Македонија, неаргументирано, со што ги нарушувате добрососедските односи. Минатиот пат Македонија ја означивте како центар на рушење на Србија!? Впрочем, Вие не сте министер за надворешни работи, да коментирате изјава на суверен претседател на држава. Или можеби сте дежурен да лаете и кога треба и кога не треба, за да се додворите на вашиот налогадовач или можеби границите на Косово веќе се прекроени и Косово е издадено и продадено, се наведува во пишаната изјава на Партијата на Македонците во Србија.

Во неа, претседателот на партијата Илијевски наведува дека Вулин „не е достоен, ниту компентентен да го навредува македонскиот јазик, кој и претседателот на Русија Владимир Путин го признава како колевка на сесловенската писменост или пак не се согласувате со Путин, ниту со фактот да македонскиот јазик е признат во ООН.“

– Со ваква реторика не се градат пријателски односи, а вие ја навредувате и македонската национална заедница во Србија, која исто така зборува македонски јазик. После сите навреди, од член на српската влада, немојте да очекувате ниту еден глас од Македонците во Србија на претстојните избори. Бараме став и извинување од премиерот и Владата на Србија, врз основа на навреди изречени од министерот Вулин, кој не е достоен за функцијата што ја врши, се наведува во соопштението на СМС.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ