Ратко Младиќ 14 години се криел во околината на Белград

Од:

Додека аналитичарите и медиумите шпекулираа дека поранешниот командант на Армијата на босанските Срби, Ратко Младиќ се крие во планини во Црна Гора, република Српска и Србија, па дури и во Русија или Казахстан, тој беше во близина на Белград.

Обвинителството за воени злосторства на Србија, откако го притвори разоткри каде претстојувал Младиќ, од почетокот на 1997 се до 26-ти мај 2011.

Тој имал неколку стана во Белград, но престојувал и во околните села, касарни и воени одморалишта.
Интересно е што припадниците на полицијата и БИА, на 5-ти април ги претресоа сите објекти во Моштаница, освен еден, во кој тогаш се криел Младиќ.

Два дена подоцна отишол во Лазарево, кај својот роднина Бранислав Младиќ, каде што е живеел четири години се до апсењето.

И покрај притисокот од ЕУ и Хашкиот трибунал да се откријат сите кои му помагале, особено оние од државните структури, тоа се уште не е направено.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија