Рама: Посетата на Србија е нов почеток за Балканот

Од:

Претстојната посета на Србија е нов почеток за цел Балкан, изјави албанскиот премиер Еди Рама, кој ќе го посети Белград на 10 ноември.

– Ова време бара нов и обединувачки пристап за една иднина која треба да биде подобра за сите наши народи, оставајќи го зад себе тоа од минатото што не спречуваше да тргнеме напред и предизвикуваше многу судири и крвопролевања, треба да го оставиме минатото и заедно да напишеме нова историја за мирот и регионалната соработка, изјави Рама за турската новинска агенција Анадолија.

Тој се осврна и на неодамнешната Конференција посветена на Западен Балкан  во Берлин, под покровителство на германската Влада. Рама конференцијата ја оцени како историска за Балканот.

– Денес ние веруваме дека Балканот и е потребен на Европа исто како што е Европа му е потребна на Балканот. Конференцијата во Берлин отвори нова страница и сега сите ние на Балканот, без да губиме време, треба да изнајдеме нови начини за соработка во многу полиња, посочи Рама, додавајќи оти балканските држави поседуваат голем потенцијал за економски развој, но под услов потенцијалот да се искористи преку регионална соработка.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски