Рама ги обвини Мета и Бериша за немирите во Тирана

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини поранешниот и сегашниот претседател на државната, Сали Бериша и Илир Мета, за насилните протести кои три дена по ред го „тресат“ главниот град.

Илјадници гневни граѓани од средата се собираат во центарот на Тирана и „војуваат“ со полицијата, барајќи правда за убиството на 25-годишниот Клодјан Раша, кој беше застрелан од полициски специјалец.

-Тие ги поттикнуваат и ги оркестрираат протестите и насилствата. Доказ се зборовите на Претседателот на Републиката кој ги поттикнува и оркестрира заедно со другиот, поранешниот претседател на Републиката кој денес е горд што убивал луѓе, кој им кажува на Албанците дека насилството е патот за напредок во оваа земја и во ова општество. Доказ се оние слики, и оние малолетни лица кои се изманипулирани и злоупотребени и дефинитивно излажани и со пари за да излезат на улица и да го прават она што го прават без да бидат свесни за што станува збор,изјави Рама по посетата на повредените полицајци хоспитализирани во Универзитетската клиника.

Во однос на однесувањето на полицијата на протестите, тој рече дека полицијата била повеќе од толерантна и нагласи дека како и во остатокот од светот, таа има должност да реагира на пропорционален начин и ниту да се повлече, ниту да прифати да биде на удар.

На прашањето дали ќе го разреши генералниот директор на државната полиција, тој го повтори претходно кажаното – дека сите што тоа го бараат, да го заборават.

Во Универзитетската клиника во Тирана хоспитализирани се 14 полицајци.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод