Пуповац: Проблемот не е во кирилицата, туку во заминувањето на Србите и Хрватите

Од:

Потпретседателот на Самостојна демократска српска партија и пратеник во хрватскиот Сабор, Милорад Пуповац изјави дека во Вуковар не е проблем кирилицата, туку тоа што од градот заминуваат и Срби и Хрвати.

-Кирилицата во Вуковар е важен елемент за рамноправност и заштита на идентитетот и за покажување толеранција и заштита на заедничкиот живот – изјави тој.

Пуповац укажа дека многу поголем проблем претставува фактот што од тоа подрачје започнаа да заминуваат и Србите и Хрватите.

-Доведувањето во прашање на резултатите од пописот на населението во Вуковар го свртува вниманието со фактот дека ниту Србите, ниту Хрватите во моментов немаат перспектива во текот на целата градина да живеат во тој град – изјави тој.

Тој смета дека кампањата против воведувањето на кирилица ќе трае до почетокот на применување на законот за двојазичноста.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион