Прв случај на заболен од бабезиоза во Словенија

Од:

Во Словенија е регистриран првиот случај на човек заболен од бабезиоза, ретка болест слична на маларијата, која доколку не се лекува во некои случаи може да биде и смртоносна, соопшти хрватскиот сајт Индекс.

Станува збор за инфекција, предизвикана од паразити од родот бабесија, кои се пренесуваат од крлежи и кои ги напаѓаат црвените крвни зрнца. Овие паразити се среќаваат главно кај животните.

krlez-pinceta

Во Европа се забележани само неколку десетици случаи на пренесување на бабезиоза врз човек, соопштуваат словенечките медиуми.

Дека станува збор за првиот случај на ретката болест во Словенија беше потврдено со анализа на крвта на пациентка, која неодамна била примена во болница во градот Мурска Субота. Таа имала висока температура, гадење и болки во мускулите. Во нејзината крв биле откриени паразити, што било потврдено и од втората анализа, направена на Медицинскиот факултет во Љубљана.

Во Словенија крлежите многу почесто врз човекот ја пренесуваат лајмската барелиоза, исто така многу опасна болест. Годишно се регистрираат неколку илјади такви случаи.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он