Пронајдени делови од чамецот и лични предмети на момчињата кои исчезнаа во Дунав

Од:

Делови од чамецот што се преврте во саботата вечерта, околу 22 часот и 30 минути во Дунав, во кој имало четворица млади момчиња, денеска се пронајдени по повеќечасовна потрага, јавуваа српските медиуми.

До несреќата дошло кога од засега непознати причини се превртел пластичниот чамец во кој имало четворица мажи. Едно младо момче успеало да доплива до брегот, а потрагата по уште тројца почнала во саботата навечер кога била информирана полицијата за инцидентот, а во неделата во текот на целиот ден.

Покрај делови од чамецот, на местото каде што пливал Мане Кнежевиќ биле пронајдени и некои предмети.

„Во потрагата се вклучени сите екипи на МВР на Србија, а тие делови од чамецот се пронајдени на еден километар од Панчевскиот мост и местото каде што потона чамецот“, вели соговорникот.

Единствениот човек чија судбина се знае, Мане Кнежевиќ е во полиција каде дава изјава. Тој е во тешка психичка состојба поради несреќата што се случи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Романија, почувствуван и во Србија и во Хрватска

Катерина Павлова-Николовска

Трагедија во Србија: Двајца тинејџери се удавија на Ада Циганлија

Катерина Павлова-Николовска

Хирург од Русија е убиецот на сопругата и детето во Панчево

Обвинение против гинекологот кој сакаше да прегази полицаец, државата бара да се казни со пет години затвор

На српскиот новинар Бошко Савковиќ му е одредена мерка притвор до 30 дена

Горан Наумовски

Насилникот кој истепа бебе и ја силуваше девојката пред шест години бил апсен за семејно насилство

Горан Наумовски