По двонеделната пауза продолжува судењето на Ратко Младиќ, обвинет за геноцид и други злосторства во БиХ. Меѓутоа тој не се појави на судењето.
Според информациите, Младиќ останал да појадува, наместо на време да се упати од притворот кон судот.
Судењето продолжува со сведочењето на Грге Стојиќ, единствен преживеан од злосторството на 2. ноември 1992-та година кога биле стрелани седум луѓе недалеку од селото Шкрљевита.