Продолжува состанокот во Брисел

Од:

Денес во Брисел ќе продолжи состанокот помеѓу премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи и високата претставничка на ЕУ Кетрин Ештон.

Високата претставничка на ЕУ, вчера најпрвин имаше билатерални средби со премиерите, а потоа следуваше трилатералниот состанок. По вчерашните разговори никој од нив не даде изјава.

По завршување на состанокот високата претставничка на ЕУ соопшти дека е задоволна што повторно ги пречекува премиерите Дачиќ и Тачи.

-Уверена сум во нивната посветеност за напредок и спроведување на Бриселскиот договор на дело. Утре повторно ќе се состанеме за да ја потврдиме нашата заложба за ова прашање – рече Ештон на крајот на состанокот.

Тема на денешниот разговор е спроведување на парафираниот договор помеѓу Белград и Приштина.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски