Продолжува дијалогот за имплементација на Договорот Белград- Приштина

Од:

Премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи синоќа и по шестчасовните одвоени и заеднички разговори во Брисел со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, не успеаја да постигнат согласност околу имплементацијата на Договорот Белград-Приштина постигнат на 19 април.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, најавено е дека разговорите ќе продолжат денеска во 11 часот.

Преговорите за имплементацијата на Договорот „заглавил“ околу временската рамка за имплементирање на договореното и за лицата што ќе учествуваат во овој процес.

Косовскиот премиер Тачи пред заедничкиот состанок со Дачиќ и Ештон како можни проблеми ти посочи токму временската рамка и инволвираните лицата.

Синоќа по завршувањето на трилатералниот состанк, никој од ушесниците во него не даде изјава.

Доколку до крајот на оваа недела не биде постигнат договор за имплементација на Спогодбата од 19 април, Србија на јунскиот Самит на Европскиот совет најверојатно нема да добие датум за почеток на пристапните преговори со Унијата, затоа што до 25 мај Ештон ќе треба да реферира пред министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ за резултатот од дијалогот Белград-Приштина.

Европски дипломати во повеќе наврати нагласија дека иднината евроинтерграциските процеси на Србија ќе зависи од позитивниот исход од разговорите и од имплементацијата на договорот.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски