Приоритет на хрватското претседавање ќе биде проширување на ЕУ кон Западен Балкан

Од:

Министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман изјави дека Загреб го поддржува влегувањето на земјите од Западен Балкан во Европска Унија, но под услов ако ги исполнат сите важни критериуми.

– Проширувањето на Западен Балкан ќе биде и еден од приоритетите на идното хрватско претседавање на ЕУ, посочи Грлиќ Радман.

На министерскиот состанок во Хелсинки, на кој присуствуваа и партнерите од Западен Балкан се разговараше за различни модалитети на регионалната соработка, важните демократски процеси и реформи кои мора да ги исполнат земјите од Западен Балкан.

Грлиќ Радман во има на Хрватска го поддржа отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и апелираше на што побрзо формирање на власт во Босна и Херцеговина со цел функционирање на државата.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари