Пријавена бомба во лет за Москва, авионот се вратил во Белград, евакуацијата е во тек

Од:

Пријавена е бомба на лет за Москва, а авионот се враќа кон Белград. Тимови на српското Министерство за внатрешни работи се на терен.

Според најновите информации, во текот на летот ЈУ-652 од Белград до Москва, кој полетал во 14 часот и 15 минути, на аеродромот Никола Тесла пристигнал мејл дека во авионот има експлозивна направа.

Известена била посадата и авионот во истиот момент се завртел назад кон Белград.

Во 14 часот и 48 минути, авионот слетал на позицијата 3.000 која е предвидена за вонредни ситуации. Во авионот имало вкупно 209 патници и членови на посада.

Тие се евакуирани, а во тек е преглед кој го врши специјална антитерористичка единица со кучиња.

Авиосообраќајот во Белград во меѓувреме се одвива без проблем.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

Земјотрес во Србија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов