Претседателот Мета и сопругата казнети за непочитување на мерката за забрана за групирање

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади, лидерка на опозициското Движење за социјалистичка интеграција, казнети се со парична казна поради непочитување на забраната за групирање на повеќе од 10 лица.

Тие присуствувале на роденденската забава на познатиот албански актер Бес Калаку организрана во угостителски објект во селото Лакна, општина Колоња.

Казнет е и градоначалникот на Колоња, Ерион Исаи, кој присуствувал на забавата, како и останатите триесеттина лица, кои биле на забавата.

Присутните се казнети со по 80 евра додека сопственикот на угостителскиот објект со милион леки или над 8.100 евра.

Ова не е прв случај Круемади да добие казна за непочитување на мерките за спречување на ширење на пандемијата. Претходно на двапати беше казнета за неносење маска на отворен простор, со 25 односно 40 евра.

Инаку, роденденот на актерот скапо ги чинело и шестмина полициски службеници кои се суспендирани поради тоа што не влегле во ресторанот за да контролираат. Сите казни се изречени врз основа на снимки.

Би можело да ве интересира

Коронавирусот може да предизвика човечкото тело да создаде „лоши“ антитела кои ги напаѓаат сите ткива

Ана Ололовска

Началникот на ГШ на шпанската војска поднесе оставка, обвинет дека се вакцинирал преку ред

Ана Ололовска

Француски доктори апелираат да не се разговара во јавниот превоз

Ана Ололовска

Чешките угостителски објекти отворија во знак на протест поради ограничувањата

Ана Ололовска

1.483 новозаразени од коронавирус во Србија

Ана Ололовска

Во Албанија продолжува трендот на раст на новозаразени од Ковид -19

Ана Ололовска